Гордо нудиме 100% природен цеден овошен сок добиен од чистиот и незагаден регион Преспа во Северна Македонија, кој е познат како клучен центар за производство на јаболка во Јужна Европа.
Нашата посветеност кон производството на Apelino, свеж сок со највисок квалитет, гарантира уникатен и природен вкус без употреба на конзерванси, шеќер или додадена вода.
Нашиот сок е со 100% овошна содржина, внимателно подготвен од најквалитетно свежо овошје (калинка, аронија, портокал, лимон, ѓумбир и различни сорти јаболка, вклучувајќи Idared и Delicious Greensmith). Со внимателно рачно берење и цедење на овие плодови, создадовме природен сок без додатоци, конзерванси, шеќер или вода.
По пастеризацијата, сокот внимателно се пакува во стаклени шишиња, со цел да се зачува природниот вкус и да се продолжи рокот на траење. Оваа посветеност гарантира дека секоја голтка од Apelino сокот ја доловува
свежината и автентичниот вкус на штотуку исцедено овошје.